ТАКТИЧКО-ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА СИМУЛАЦИЈА НА ПОЖАР ВО ОУ „НИКОЛА КАРЕВ“

април 2, 2026
1 минути

Општина Кочани, преку Територијалната противпожарна единица – Кочани, во соработка со Општинската организација на Црвен крст  и ОУ „Никола Карев“ реализираа тактичко-показна вежба за справување со пожар.

Пожарникарите симулираа гаснење пожар и извршија евакуација на ученици, а волонтерите  од Црвениот крст интервенираа со помош на повредени ученици.

ТППЕ – Кочани ќе подготви извештај за реализираната тактичко-показна вежба во кој ќе бидат истакнати можностите за побрза и полесна пристапност на противпожарните возила до училишниот објект.

Тактичко-показните вежби се од огромна важност, бидејќи ја зацврстуваат подготвеноста на учениците и вработените во училиштата за справување со вакви несакани појави и ситуации, а претставуваат и законска обврска на училиштата.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ