ТЕРЕНОТ ИЗРАМНЕТ, ПОДОБРЕНИ УСЛОВИТЕ ЗА ИГРА

Во Спорт
април 22, 2023
1 минути

Денес претпладне се работеше на рамнење на теренот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.

По неколку часови валирање утре екипите на „Осогово“ и „Карбинци“ ќе имаат одлични услови за игра во рамките на натпреварот од 19-тото коло во Трета Фудбалска Лига – исток.ѓ

Досега нерамниот терен кој максимално го користат поголем број на екипи беше во очајно лоша состојба и вистинско чудо е како некој од играчите не се повреди на теренот со многу нерамнини.

Но сега тоа е минато, да очекуваме дека на подобар терен ќе гледаме и подобри и преди се поефикасни натпревари.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ