ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ВО НАЈЛОШО ОДИГРАНИОТ НАТПРЕВАР НА ДОМАШЕН ТЕРЕН „ОСОГОВО“ СТИГНА ДО ТИТУЛАТА

Во Спорт
април 23, 2023
1 минути

Три од закажаните пет натпревари се одиграа денес во рамките на 19-тото коло од Трета Фудбалска Лига – Исток. Екипата на „Осогово“ во најлошо одиграниот натпревар на домашен терен годинава стигна до значајна победа, а со оглед дека натпреварот во Струмица „Тиверија“ – „Овче Поле“ заврши без победник на три кола до крајот на првенството екипата на „Осогово“ стигна до шампионската титула. „

Жетварите“ на второпласираното „Овче Поле“ му побегнаа седум бодови а како во наредното коло Светиниколчани се слободни разликата останува иста и без разлика на резултатите до крајот на првенството „Осогово“ ќе мора да се подготвува за еден од бараж натпреварите.

За жал денешниот натпревар не ги убеди малкумината гледачи дека „Осогово“ експресно ќе се врати во Втората лига. Играа без идеја, со лоши додавања, ненавремени проигрувања и вистинско чудо е како се извлекоа за да дојдат до победата. Екипата на „Карбинци“ се виде дека игра на реми бидејќи ретки беа обидите да стигнат до шеснаесетникот на домаќините. И наместо гледачите по сончево и пријатно време за игра да гледаат фудбал тие беа сведоци на неколку меѓусебни расправии, влечења и непристојности за што од главниот судија сосема заслужено беа наградени со три црвени картони, еден за домаќините (Дарко Пешовски 34’) и два за гостите (Влатко Стојанов 34’ и Боби Стојанов 65’).

Единствено што е добро да се спомене а е во корист на домаќините се двата погодока што ги постигна Тоше Манов во 29’ и 90’, се другото што се случуваше треба брзо да се заборави бидејќи со анти фудбалските случувања наместо гледачите да се враќаат на стадионите и тие малкумината што доаѓаат ќе треба прво да помислат па да се решат дали ќе следат или не фудбалски натпревар.

Резултати од 19-тото коло:

„Осогово“ – „Карбинци“  2:0

„Дојранско езеро“ – „Брегалница сениори“  2:2

„Малеш“ – „Спартмани“  – гостите не допатуваа во берово

„Тиверија“ – „Овче Поле“  1:1

„Вардарски“ – „Рудар“  –  гостите не допатуваа во Богданци

Слободна во ова коло беше „Академија Чешиново-Облешево“

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ