СПОРТСКИ ФОТОГРАФИИ НИЗ ИСТОРИЈАТА НА КОЧАНИ

март 16, 2023
1 минути

Деновиве како колекционер на стари спортски фотографии од Кочани ми беа подарени три мошне интересни, на кои се наши сограѓани кои како големи љубители на спортот решиле да присуствуваат на меѓународниот фудбалски натпревар Југославија – Унгарија 2:2.

Заедничката фотографија е направена на Калемегдан во Белград а останатите две од самиот натпревар.

На позадината на фотографијата пишува: „Преполн стадион, одличен натпревар а ние воодушевени се враќаме назад во Кочани“.

На сликата се: Симеон Ѓоргиевски – Кравче, Валентин Бобришев – Ваљо, Ацо Пенов и Славе Симеонов – Пикалец.

Да се потсетиме, да не се заборави.

Доколку има некаква грешка слободно ставете во коментар.

С.  Ивановски