ТОШЕ МАНОВ ОСАМЕН НА ВРВОТ НА ЛИСТАТА НА СТРЕЛЦИ ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

Во Спорт
март 16, 2022
0 минути

Онаму каде што застана во есенскиот дел од сезоната, расниот голгетер на „Осогово“ од Кочани Тоше Манов, го продолжи и во пролетниот.

Ако есеноска со седум голови беше на второто место веднаш зад Бојан Спиркоски од „Победа“ (Прилеп) сега по четири одиграни пролетни кола и четири постигнати погодоци, Манов со 11 погодоци е осамен на врвот на табелата.

Фудбалските квалитетите и реализаторските способности на Тоше Манов се познати од поодамна, кога ова скромно момче ќе се најде во противничкиот шеснаесетник станува вистинска опасност за противничката одбрана, дали со лева или десна нога, дали со глава за него е се исто, важно умее да ја погоди целта и да ја затресе противничката мрежа. Само вака да продолжи.

С.Ивановски