Како шѓто дознаваме Тоше Стојанов и Драганче Даневски во иднина ќе раководат со ОВР Кочани. Се работи за кадар кој во изминатите години се докажал во своето работење.

Тоше Стојанов е назначен за нов началник на надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР-Кочани кој доаѓа на местото на Филип Костовски.
Стојанов е со едно децениско работно искуство како припадник на единицата за брзо распоредување и инспектор за недозволена трговија со дрога, додека Драганче Даневски е назначен за командир на Полициска станива од општа надлежност Кочани кој доаѓа на местото на Горан Миленковски Спенсер.

Драганче Даневски е полициски службеник со скоро три децениско искуство кој во изминатиот период бил заменик командир додека последно работно место му беше Инспектор за увиди при ОВР-Кочани.
Двајцата новоназначени доаѓаат на раководните позиции по направените кадрови промени по настанатион трагичен настан што се случи на 16.03.2025год во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
