Во Вторник (17.05.2022 година) со почеток во 19:30 часот во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани во организација на младинските организации „Интеракт“ и “Единство“ ќе се одигра традиционалниот кошаркарски натпревар „Ученици против професори“ од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.
Организаторите со погрижија да освен кошарка има други интересни содржини како што се најсилна рака и настап на музички таленти.
На полувремето посетителите во салата ќе ги забавува музичката група „DANCE“
Влезот за овој настан е само 50,00 денари