НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ПРВАЧИЊАТА ОД КОЧАНСКИТЕ УЧИЛИШТА

декември 30, 2022
0 минути

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Општина Кочани приреди дружење со првачињата од кочанските основни училишта.

На платото пред Центарот за култура „Бели мугри“, во новогодишниот амбиент во Градскиот парк, присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој на сите им посака добро здравје, радост, успеси и среќа во Новата 2023 година.

Сите 330 првачиња од Кочани добија новогодишни пакетчиња, донација од компаниите „Антура“, „Алекс“ и „Данитекс“. Пакетчиња добија и децата од Дневниот центар со попреченост и од училиштето „Мај скул“.

Децата со нивните родители и најблиски уживаа во настапите на нивните сограѓани, најмладите од Приватната детска градинка и училиштето за странски јазици „Амичи“, како и во настапот на хорот при ОУ „Никола Карев“, кои со песна и со стихови упатија новогодишни пораки.