ТРЕТА ЦКА-ПХВ РАБОТИЛНИЦА

март 3, 2026
1 минути

Црвен крст на Република С. Македонија – Општинска организација Кочани ја спроведе последната третта обука во рамки на ЦКА – ПХВ циклусот за 2026 год.

На работилницата младинците се запознаа со начинот на документирање на малите проекти, фазите на оценување како и критериумите по кои треба да се изработуваат проекти.

По завршување на обуките младинците добија насоки за дејстување на терен, па така во следниот период , а заклучно месец мај тие ќе изработуваат мали проекти за добробит на заедницата преку активен пристап на терен, откривање на целни групи како и задоволување на нивните потреби.

На обуката присуствуваа 25 младинци од основните и средните училишта од градот Кочани,а истата беше спроведена од страна на Глорија Велкова, обучен ПХВ дисеминатор.

Црвен Крст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ