ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „ОВЧЕ ПОЛЕ“ И „РУДАР“ СТОПОСТОТНИ

Во Спорт
септември 15, 2025
0 минути

За време на викендот се одиграа натпреварите од второто коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Дерби натпреварот во Свети Николе заврши со победа за домаќините. Мошне значајна победа на гостински терен остварија екипите на „Рудар 1947“ и „Дојранско Езеро“.

Во делчево и во Валандово домаќините дојдоа до значајни победи.

По двете одиграни кола единствени со по две победи се „Овче Поле“ и „Рудар 1947“, додека без бодови сеуште се „Малеш“, „Светлост“ и „Тиверија“.

Резултати од 02 коло:

Малеш – Дојранско Езеро  1:2

Тиверија – Рудар 1947  0:1

Овче Поле – Карбинци  2:1

Брегалница 1926 – Светлост  4:1

Победа (В) – Ударник  3:0

Слободна беше екипата на „Хоризонт Турново“.

С.  Ивановски.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ