ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПО ДВЕ ПОБЕДИ ЗА ДОМАЌИНИТЕ И ГОСТИТЕ

Во Спорт
септември 17, 2023
0 минути

Со одигрувањето на четирите натпревари, денес и официјално стартуваше новото првенство во трета Фудбалска Лига – Исток. Уште на стартот стана јасно дека годинешното првенство ќе биде доста интересно и неизвесно особено за освојување на првото место.

Во четирите натпревари колку што беа на програмата, по две победи извојуваа домашните и гостинските екипи.

Во Берово домаќините славеа против екипата на „Ударници“ од Пирава, додека екипата на Дојранско езеро го совлада најголемиот кандидат за првото место „Слога 1934“.

Екипата на „Овче Поле“ која исто така најавува борба за највисок пласман со три бода си заминува од Карбинци исто како „Вардарски“ од Струмица.

Резултати од првото коло:

„Карбинци“ – „Овче Поле“  1:3

„Тиверија“ – „Вардарски“  0:4

„Малеш“ – „Ударници“  2:1

„Дојранско Езеро“ – „Слога 1934“  1:0

Слободна во првото коло беше екипата на „Рудар“ од Пробиштип.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ