ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК СТАРТУВА НА 07 СЕПТЕМВРИ, ПОЗНАТ РАСПОРЕДОТ

Во Спорт
август 22, 2025
0 минути

Кочани беше домаќин на состанокот на клубовите кои годинава ќе партиципираат во Трета Фудбалска Лига – Исток. Претставниците на клубовите дадоа согласност првенството да стартува на 07 Септември. Воедно беше договорено натпреварите од седмото коло кое според распоредот треба да се одигра на 19 Октомври на денот на Изборите да биде поместено за 23 Октомври.

Во годинешното првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток ќе се натпреваруваат единаесет екипи, дванаесеттата „Вардарски“ се повлече од натпреварувањето.

Во првото коло се среќаваат:

Ударник – Брегалница

Светлост – Карбинци

Овче Поле – Тиверија

Рудар – Малеш

Дојранско езеро – Хоризонт Турново

Слободна е екипата на Победа од Валандово.

Натпреварите започнуваат  во 16:00 часот.

Годинешната котизација изнесува 200.000 денари, односно по 100.000 денари за есенскиот, односно пролетниот дел од првенството.

На средбата со претставниците од повеќето клубови освен Претседателот на Трета Фудбалска Лига – Исток Александар Андов присуствуваа и Столе Тошев – Генерален Секретар на Трета Фудбалска Лига – Исток и Координаторот на натпреварувањето Митко Бојаџиев.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ