ТРЕТА КОШАРКАРСКА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА

Во Спорт
април 27, 2022
1 минути

ИСТОРИЈАТА  СЕ  ПОВТОРИ  КОГА  ИГРААТ  „РАБОТНИЧКИ“  И  ЕКИПА  ОД  КОЧАНИ  ВО  СКОПЈЕ

„РАБОТНИЧКИ  2018“  –  „БАСКЕТ  ДИНО  ДЕЛИКАТЕС“

67:53  (15:19;  29:12;  07:10;  16:12)

И по повеќе од две децении кога кошаркарите на „Работнички“ за противник имаат екипа од „Кочани“ мора да добијат помош од судиите за да дојдат до победа. Така беше во минатото кога на тогашниот „Деликатес“ неколку титули буквално му беа одземени иако „Работнички“ кога гостуваше во Кочани уште кај свиокот „Косовка“ губеше со 20 кошеви разлика, така беше и денес.

Денес околу седумдесетина навивачи од Кочани кои отпатуваа за Скопје се изненадени како судиите ја делеа „правдата“ помеѓу „Работнички 2018“ и „Баскет Дино Деликатес“ натпревар од почуфиналето во Трета Кошаркарска Лига на Македонија.

Домаќините славеа 67:53 но како што сме информирани со голема помош на судиите. Домаќините можеа што сакат да им дофрлаат на судиите но за секое прашање кочанските кошаркари беа „наградувани“ со техничка грешка а згора на тоа и најобичните фаули често ги санкционираа како намерни.

„Баскет Дино Деликатес“ на крилјата на своите навивачи првата четвртина ја реши во своја полза, но за да не го решат и натпреварот во своја полза се погрижија оние кои секогаш им сметаа успесите на кочанчани, се свртеа против гостинската екипа и им дадоа ветер во грб на домаќините.

Играчите и стручниот штаб на „Баскет Дино Деликатес“ воопшто не сакаа да го коменират судењето од денешната средба, само порачаа дека на реваншот со чесно судење ќе покажат колку се поквалитетни од екипата од „Градски парк“ во Скппје.

Кошевите за „Баскет Дино Деликатес“ се дело на: Илијев 15, Филипов 11, Крушарев 10, Лазарев 8, Крстов 7, Томевски 2.

С. Ивановски