ТРОЈЦА КАРАТИСТИ ОБЕЗБЕДИЈА БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО А ЕДЕН СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Во Спорт
септември 25, 2022
1 минути

Во текот на вчерашниот ден (Сабота) во организација на Карате Федерацијата на Македонија во Охрид се одржа „Куп на Македонија 2022“.

Двата Кочански клуба настапија со тројца натпреварувачи кои се закитија со еден златен и два бронзени медали.

Претставникот на КК „Партизан“ – Кочани Филип Стојанов настапи во категоријата Кумите Кадети до 63 килограми и го освои првото место, додека Мартина Шахинова од истиот клуб која настапи во категоријата Кумите женски У-21 до 61 килограм заврши како третопласирана.

Карате клубот „Кочани“ настапи само со еден натпреварувач Наталија Карова која го освои третото место.

Сите тројца обезбедија право на настап на „Балканското првенство“ кое во месец Октомври ќе се одржи во Црна Гора, а додека Филип Стојанов како првопласиран обезбеди и настап на Светското Првенство кое во месец Ноември треба да се одржи во градот Конија (Турција).

Убава промоција на Кочанското карате.

С.  Ивановски