ТРЕТИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР „ТОДОР МИЛОСИЕВ – ТОШО“ ЗА ЃОРГИ ПЕТРОВ

Во Спорт
април 28, 2024
0 минути

Дваесет и четири  шахисти од Кочани, Свети Николе и Скопје одиграа седум кола по Швајцарски систем од по 10 минути на  третиот по ред Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“ кој Шаховски Клуб „Кочани“ го организираше во знак на сеќавање на некогашниот нивни натпреварувач а подоцна и Претседател Тодор Милосиев – Тошо.

Шахистите од различни генерации одиграа доста интересни и содржајни партии а најуспешен и воедно и победник на турнирот стана Ѓорги Петров, пред Јоцо Колев и Ванчо Петров.

Тројцата најуспешни од организаторот на турнирот добија пехари додека пак сите учесници добија медал во знак на сеќавање на нивното учество. Посебни награди, шаховски комплети им беа врачени на Милчо Стефанов како највозрасен учесник на турнирот и на Емануел Ангеловски најмладиот гостин на турнирот.

Пехарите на тројцата првопласирани им ги врачи Љупчо Папазов – Градоначалник на Општина кочани, медалите Благој Ситновски – Претседател на ШК „Кочани“, а шаховските комплети Марија Георгиева – ќерка на Тодор Милосиев – Тошо..

Турнирот  одлично го организираше шаховскиот Клуб „Кочани“ – Кочани, а покровител на истиот беше Општина Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ