ТРИ ГОЛЕМИ БОДА ЗА „ОСОГОВО“ ВО СТРУМИЦА

Во Спорт
октомври 16, 2021
1 минути

Од тешкото гостување во Струмица „Осогово“ се враќа со три големи бода кои треба да значат многу во понатамошниот тек од првенството. „Осогово“ ја победи „Беласица“ со 2:0 (1:0) а како што истакнуваат од таборот на струмичани сосема заслужено. Натпреварот почна со доминација на домаќините. Во првата посериозна шанса за гол голманот на „жетварите“ Иванов со прекрасна интервенција ја сочува својата мрежа. „Жолто-сините“ резултатот го отворија во 17’ а голот го постигна непотребно запоставуваниот Јасин Муше. Еден домашен играч лошо го изведе аутот, топката ја освоија гостите а кога таа дојде до Муше тој одлично биеше и ја затресе мрежата на домаќините. По водството на „Осогово“ струмичани создадое уште две убави шанси за израмнување но Иванов повторно беше на висина на задачата и со прекрасни интервенции ја задржа предноста на неговата екипа. Конечниот резултат го постави Казимов во второто полувреме за голема радост на „жетварите“.

Во локалното дерби во Пехчево виничани беа подобар противник и сосема заслужено го совладаа „Кит Го“, за разлика од лидерот на табелата „Каменица Саса“ која ископа само бод на гостувањето во Гевгелија.

Победа беше убедлива против дебитантот во лигата „Братство“ додека „Детонит“ славеше минимално, но сосема заслужено во натпреварот против „Локомотива“.

Резултати од 7-мото коло:

„Беласица“ – „Осогово“  0:2

„Кит Го“ – „Слога 1934“  1:2

„Кожуф“ – „Каменица Саса“  0:0

„Победа“ – „Братство“  5:0

„Детонит“ – „Локомотива“  2:1

На табелата и понатаму води „Каменица Саса“ со 17 бодови, пред„Победа“ и „Слога 1934“ со по 16, „Беласица“ 11, „Осогово“ 10, „Кит Го“ 9, „Кожуф“ 8,„Детонит“ 7, „Локомотива“ 4 и „Братство“ 1 освоен бод.

С. Ивановски