Во организација на Воречкиот клуб „Лирија“ од Скопје, денес во салата на ООУ „Лирија“ се одржа 10-тиот Меморијален турнир во борење „Ментаз Алајбегу“.
БК „Спартак“ од Кочани на турнирот учествуваше со четири борачи кои на крајот освоија три медали од кои еден златен и два бронзени.
Павел Темелков го освои златниот медал во категорија до 68 килограми, додека со бронза се закитија Христијан Илиев во категорија до 41 килограм и Јован Илиев во категорија до 48 килограми.
Мошне забележителен резултат постигна и Илија Иванов кој во една мошне силна конкуренција го освои петтото место.
На турнирот учествуваа повеќе од деведесеѕ борачи.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ