Едни заминуваат други доаѓаат. Тоа е фудбалската слика на ГФК „Осогово“ во овој зимски преоден рок.
Од денес фудбалскиот список на „жетварите“ е проширен за три нови имиња.
Кристијан Ристовски, играч за врска доаѓа од екипата на „Кадино“. Освен во „Кадино“ Ристовски има настапувано и за „Тетекс“, „Гостивар“ и „Ренова“.
Матеј Андов – голман, Повратник во кочанскиот второлигаш.
Антони Македон Поповски игра на штоперската позиција а доаѓа од младинскиот погон на ФК „Вардар“ од Скопје.
Како што дознаваме до почетокот на подготовките кои се закажани за оваа Среда се очекува доаѓањето уште на некои играчи чии имиња засега не сме во можност да ги обелодениме,
С. Ивановски