ТРОЈЦА ЧЛЕНОВИ НА КАРАТЕ КЛУБ „ПАРТИЗАН“ ОБЕЗБЕДИЈА ПЛЕЈ ОФ ЗА ИЗБОР НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Во Спорт
ноември 26, 2022
1 минути

Во организација на Карате Федерацијата на Македонија денес во Гостивар се одржа „Државното првенство за кадети, јуниори и У-21“ кое воедно е изборно за состав на Репрезентацијата на Македонија за настап на Европското Првенство кое во месец Февруари 2023 година ќе се одржи во Ларнака (Кипат).

Во конкуренција на 206 натпреварувачи од 40 клубови тројцата претставници на „Партизан“ обезбедија пласман во плеј оф натпреварите кои ќе се одржат следниот викенд во Скопје.

 

Мартина Шахинова го освои второто место во категоријата У-21 – борби до 68 килограми, Филип Стојанов беше втор во категоријата кадети – борби до 70 килограми, додека Ангел Стојанов заврши како трет во категоријата У-21 – борби до 75 килограми.

По одржувањето на плеј оф натпреварите само првопласираните од секоја категорија ќе изборат место во составот на Репрезентацијата на Македонија за Европското Првенство.

С.  Ивановски