ТРОЈЦА КОЧАНЧАНИ ПРИВЕДЕНИ ВО ШТИП

октомври 7, 2024
0 минути

На 06.10.2024 во 05.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле И.М.(27), И.Т.(20) и Н.Т.(22), сите од Кочани, затоа што околу 03.40 часот пред угостителски објект во Штип заедно со С.М.(34) од Штип го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со А.С., М.П. и Д.Р., при што биле употребени тврди и остри предмети. С.М. бил повикан на службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ