ТРОЈЦА ОД КОЧАНИ КАЈ КОИ БИЛА ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА, ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА

март 9, 2022
0 min read

На 07.03.2022 полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Ф.В.(24) од Кочани, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во врска со случајот, на 08.03.2022 лишени се од слобода Д.Т.(36) и М.А.(52), двајцата од Кочани, бидејќи и кај Д.Т. била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по чл.215 од Кривичниот Законик.

ИЗВОР: Дневни билтени од СВР Штип