СВР ШТИП: ПОРАДИ НАРУШЕН ЈАВЕН РЕД И МИР ПРЕКИНАТ НАТПРЕВАРОТ НА ДВАТА СКОПСКИ ЏУДО КЛУБА ВО КОЧАНИ

декември 14, 2021
1 минути

На 12.12.2021 во 12.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека спортскиот настан – Државно екипно првенство во „Џудо“ на Република Северна Македонија организиран од џудо клубот „Гладијатор 2016“ од Кочани во спортската сала од Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани, поради нарушен јавен ред и мир и влегување на терен од неовластени лица каде се одвивавале борбите на спортисти од два клуба од Скопје бил прекинат и не се одржал до крај.

Се работи на целосно комплетирање и документирање на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за спречување насилство и недолично однесување на спортски натпревари

ИЗВОР: Дневно Соопштение од  СВР Штип