УДРИЛ ВО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО И СЕ ПОВРЕДИЛ

декември 1, 2023
0 минути

На 30.11.2023 во 23.02 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на авто плац на ул.„Гоце Делчев“ во Кочани, патничко моторно возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано С.Л.(27) од с.Костин Дол, општина Македонска Каменица, удрило во паркирани возила, сопственост на Д.Ј. (41) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

ИЗВОР: Дневен извештај на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ