УЛИЦАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ СТАНА УЛИЦА НА УЖАСОТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ

август 30, 2024
0 минути

Наместо улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“ во Кочани да бидат со реновирањето улици за несметан проток на луѓе и сообраќај, денес по неколку месеци истите а посебно улицата „Гоце Делчев“ стана улица на ужасот.

Жители од улицата „Гоце Делчев’ континуирано се јавуваат и испраќаат фотографии од прекопани тротоари, ископан асфалт и така оставено на забот на времето.

Да се потсетиме малку и да го вратиме времето. Уште таму бекаде по изборите започна сечењето на дрвата на тротоарите од улиците се со цел истите бидат побезбедни и подобри за минувачите. На 26.06.2024 година од Локалната самоуправа беше испратен допис во кој се вели:

„Во тек се градежни работи од двете страни на Кочанска Река, во близина на Градскиот пазар. Се работи на ископ на тротоарите на улицата „Гоце Делчев“, а КЈП „Водовод“ изработи шахта за премин на водоводната линија преку реката. Улицата „Гоце Делчев“ ќе биде рехабилитирана во должина од 690 м. На ул. „Борис Трајковски“ се поставуваат улични рабници и павер елементи, а на тротоарите се засадуваат дрвца. Градежните работи на двете улици ги изведуваат „Ескаватори МК“ и „Ескаватори Косово““.

Од тогаш поминаа два месеци а ниту е направена шахтата ниту се средени тротоарите како што треба а од изведувачите ниту трага, ниту глас.

Која е причината што жителите на овие две улици ова го заслужиле некој ќе треба час поскоро да и го даде одговорот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ