УЛИЦАТА „ВИТА ПОП ЈОРДАНОВА“ УШТЕ ЈА ЧЕКА САНАЦИЈАТА

септември 13, 2022
0 минути

И по близу година дена улицата „Вита Поп Јорданова“ уште чека санација.

На 25.07 о.г. објавивме писмо од жителите на улицата во кое тие тогаш го објаснија проблемот. Улицата за да биде сменета водоводна цевка била ископана а по замената на цевката не била целосно санирана.

По нашата објава со реакцијата на жителите, како што сме информирани дошла екипа фрлила мал слој на ситен камен и си заминала.

Денес улицата е со полош изглед отколку пред месец и половина. Камењата од дождовите се на самата улица а ако итно не се реагира есенските дождови можат да го поткопаат асфалтот и да направат поголема штета.

Жителите реагираат, а одговорните си тераат по свое.

С. Ивановски