Деновиве се работи на расчистување и уредување на дел од коритото на реката Масалница, во Оризари. Јужно од мостот на Масалница, во централниот дел на Оризари со механизација се чисти коритото од обраснатата вегетација.
Активностите што ги реализира Општина Кочани се совпаѓаат со тековните работи за продолжување на кејската улица од десната страна по течението на Масалница.
Придонес кон што поцелосно средување на кејот на Масалница даваат и екипите на Градско зеленило од КЈП „Водовод“, кои претходната седмица спроведоа активности за косење на зелени површини во речното корито.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ