УРЕДУВАЊЕ НА ТРОТОАРСКИ ПОВРШИНИ НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ ВО ГРАДОТ

декември 20, 2022
1 min read

Во тек се нови градежни активности во Кочани, уредување на тротоарски површини со бехатон плочки со вкупна површина од 1 400 метри квадратни.

Изминатиов период се работеше на уредување на тротоарите на дел од улиците „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“, а во моментот се работи на уредување на тротоарските површини на дел од улиците „Иван Иванов-Балашо“ и „Пролетерски бригади“.

Изведувач на работите е градежната фирма „Патиомонт“ од Кавадарци, а средствата се наменети од Буџетот на Општина Кочани.

Општина  Кочани