УСПЕШЕН НАСТАП НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

декември 12, 2021
1 минути

На 22 Мај, 2021 година се одржа прелиминарниот круг од Деветтиот Меѓународен Вилкомен Натпревар за Странски Јазици во организација на германско-австрискиот културен едукативен центар „Вилкомен“ кој организира натпревар по англиски, француски и германски јазик со цел популаризирање на изучувањето на странски јазици.

На овој натпревар учество земаа и ученици од СОУ„Љупчо Сантов“. Никола Малешевски и Давид Стојков под менторство на Лидија Коцева, Драгана Нисева под менторство на Сања Божиновска и Христина Крстова под менторство на Јулија Јанева.

Во конкуренција со ученици од нашата држава Драгана Нисева го освои третото место, Давид Стојков и Христина Крстова го освоија второто место и Никола Малешевски во својата категорија, за ученици од прва година, го освои првото место со што си овозможи пласман во финалниот круг од натпреварот.

Финалнииот круг од натпреварот се одржа на 13 и 14 ноември, 2021 година и во конкуренција со ученици од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Хонк Конг, Турција и Унгарија, нашиот ученик Никола Малешевски го освои првото место и златниот медал.

На сите ученици им честитаме на успехот и им посакуваме уште поголеми успеси и достигнувања во иднина.