СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ ИЗБРАНО ДА УЧЕСТВУВА ВО „YOUR EUROPE, YOUR SAY“

декември 12, 2021
1 минути

Само 33 училишта од 33 држави од Европа се избрани да учесвуваат на тема: Твојата Европа, твојот збор 2022 година – „Вистината за лагите. Младите предизвикуваат дезинформации“, настан и активности што ќе го одржи Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) во периодот 31 март – 01 април 2022 година.

Од Македонија, тоа е СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани вклучен преку своите ученици.

За овој настан ќе бидат подготвени ученици под менторство на адекватен професор кои ќе учествуваат во дебата за Европа. Ќе се дружат со лица од администрацијата на ЕУ и со свои врсници од ЕУ.