УСПЕШЕН ВИКЕНД ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“, ТРИ НАТПРЕВАРИ ТРИ ПОБЕДИ

Во Спорт
февруари 27, 2022
1 минути

Кошаркарите на „Баскет Димо Деликатес“ имаа уште еден успешен викенд. На три натпревари во три конкуренции остварија исто толку победи.

Во М-16 лигата во Гевгелија „Баскет Димо Деликатес“ го совлада домаќинот „Кожуф“ 57:66                   (06:17; 05:19; 21:10; 25:20).

Коќанските кошаркари фуриозно го започнаа натпреварот и веќе по двете четвртини имаа високо водство од 36:11, и наместо да продолжат да го толчат противникот тие започнаа да играат неодговорно па домаќините со добра и ефикасна игра ја доведоа победата на гостите во знак прашалник. Сепак на крајот „Диновци“ беа тие кои и се радуваа на победата. Кошевите за кочанчани ги постигнаа: Лазарев 34, Иванов и Ефремов по 9, Д.Крстов 8, Златков 4, Глигоров 2.

Во М-18 лигата „Баскет Дино Деликатес“ – „ФМП“ (Скопје) 107:66 (27:16, 37:18, 11:19; 32:13). Сигурна и ефикасна игра одиграа кошаркарите  од Кочани во текот на целиот натпревар. Победникот беше познат по двете одиграни четвртини, а во третата кога „Диновци“ малку се „одмараа“ наиде фуриозна игра во последниот квартал за високи 41 кош разлика.

Стрелци на кошевите: М. Коцев 21, Ѕмбов 20, Ивановски 17, Лазарев 15, Томевски 11, Ефремов 7, Романов 6, Д. Крстов 5, Христов 4, Богданов 1.

Трета лига – Исток

„Неготино“ – „Баскет Дино Деликатес“  73:79

(22:09; 23:14; 18:26; 10:30)

Благодарение на одличната игра во последната четвртина кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ дојдоа до тешка но заслужена победа. Домаќините одлично го започнаа натпреварот и по двете четвртини остварија солидна предност од 22 коша разлика (45:23).  По првото полувреме како нова екипа од Кочани да истрча на теренот. Гостите „гризеа“ за секоја топка, акциите беа течни а и ефикасноста ја подигнаа на едно повисоко ниво. Пресвртот дојде во последниот квартал кој кочанчани го добија со 20 поени разлика и со победа заминаа дома. Кошевите ги постигнаа: Филипов 39, Илиев 12, Крстов 7, Ѕмбов и Лазарев по 6, Томевски 4, Ивановски 3, Романов 2.

С. Ивановски