Во организација на ПСК „Осогово“ и на Општина Кочани, во неделата ПСК „Осогово“ успешно го реализираше 16-тиот „Петровденски традиционален планинарски марш“.
ПНиту екстремно високите температури не беа пречка на маршот да учествуваат голем број на планинари, рекреативци од повеке клубови и градови на Македонија.
Овој марш помина успешно а по неговото завршување беше организиран заеднички ручек со познатиот планинарски грав. За време на ручекот низ добра музика беа доделени благодарници на сите клубови учесници, како и на најмладиот и највозрасниот учесник на маршот,
Од ПСК „Осогово“ упатуваат голема благодарност до сите учесници кои со своето присуство допринесоа маршот успешно да се реализира.
С. Ивановски