СПРОВЕДЕНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ, СОБРАНИ 32 КРВНИ ЕДИНИЦИ

мај 26, 2022
1 минути

Во организација на Општинската организација на Црвен крст Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовната мајска крводарителска акција наменета за граѓанството.

На акцијата крв даруваа 32 крводарител од Кочани и Кочанско.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст – Кочани.

Црвен крст – Кочани
Иле Матеничарски