УТРЕ (ПЕТОК) 46. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

јуни 13, 2024
1 минути

На 14 јуни 2024 година, со почеток во 12 ч., во салата во Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 46. редовна седница.

На предлог-дневниот ред се наоѓаат следниве точки:

  1. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источниот Плански Регион за 2023 година
  2. Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот Плански Регион за 2023 година
  3. Разгледување на завршните сметки на општинските основни и средни училишта за 2023 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, за 2023 година
  4. Дополнување на Критериумите за распределба на блок-дотациите на општинските основни и средни училишта за 2024 година
  5. Извештај за реализација на Програмата за работа на Територијалната противпожарна единица на Општина Кочани во 2023 година
  6. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување и одржување на градското зеленило на територијата на Општина Кочани во 2024 година, набавка, поставување и одржување урбана опрема, одржување на детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ за 2024 година
  7. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на јавно осветлување во Општина Кочани за 2024 година
  8. Предлог-програма за изменување на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти на подрачјето на Општина Кочани за 2024 година
  9. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
  10. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2024 година
  11. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2024 година
  12. Предлог-програма за изменување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2024 година
  13. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за спорт на Општина Кочани за 2024 година
  14. Предлог-план за изменување на План на програми за развој на општина Кочани за период од 2024 – 2026 година
  15. План за изменување на Годишниот план за вработување во Општина Кочани за 2024 година
  16. Годишен план за вработување во Општина Кочани за 2025 година
  17. Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година (ребаланс)
  18. Извештај за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, набавка, поставување и одржување на урбана опрема, одржување детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ во 2023 година
  19. Информација за состојбата на општинската патна мрежа на подрачјето на општина Кочани
  20. Предлог- одлука за давање финансиска помош на Здружение за помош и поддршка на талентирани ученици и млади Бистри умови – Кочани.
  21. Предлог- одлука за престанок на користење на движна ствар и враќање во сопсвеност на општина Кочани
  22. Предлог-одлука за продажба на движна ствар – компактна бетонска трафостаница, во сопственост на Општина Кочани
  23. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Партерно уредување на ООУ Раде Кратовче“
  24. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Уредување на паркот во месноста Бавчалук“
  25. Давање согласност на Меморандумот за соработка помеѓу Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Општина Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ