УТРЕ (САБОТА) АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КОЧАНИ

јули 11, 2025
0 минути

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, в сабота наутро, на 12 јули 2025 г., од 4 до 11 часот, стручни екипи ќе ја спроведат првата фаза од авионското третирање против комарци во Кочанско.

Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки.

При неповолни временските услови (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот ден.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ