ИО „ЛАСТОВИЦА“ ГО ПРОСЛАВИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ИЗВИДНИЦИТЕ

февруари 25, 2024
0 минути

Мисијата на извидниците продолжува, ценејќи ги вистинските вредности, другарството, љубовта кон природата, чувањето на животната средина и стекнување на секојдневно животно искуство.

Во саботата во Штип во Домот на млади, во организација на Сојузот на извидници на Македонија беше организиран настан кој беше поздравен од страна на градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов.

Церемонијата започна со интонирање на македонската химна во изведба на хорот ,,Астибо”, потоа следуваше културолошка патека, по што сите одреди добија мапа со контролни точки и редослед на нивно минување.

За ИО „Ластовица“  беа: Исар, карпа, алпинизам и креативно цртање на маици.

Сите извидници уживаа во целодневниот настан.

ИО „Ластовица“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ