УТРИНСКИ ХАОС ОКОЛУ УРЕДУВАЊЕТО НА ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦАТА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“

јуни 6, 2023
1 min read

Иако во текот на вчерашниот ден имаше известување од Општина Кочани дека во текот на денешниот ден 6 јуни 2023 година, во периодот од 08:00 – 11:00 часот ќе се уредува дрворедот на улицата „Димитар Влахов“ на потегот од зградата на Катастарот до влезот во Трговскиот центар и дека е потребно паркираните возила да бидат отстранети од тротоарот одредени граѓани таквиот апел не го испочитуваа.

Група која требаше да ги кастри дрвјата мака мачеше како да ја завршат работата. Неодговорни граѓани ги оставија возилата на тротоарот а на улицата која никако не беше обезбедена се движеа возила во континуитет.

Работниците не знаеја што да прават, дали да ги кастрат дрвјата или да внимаваат некој неодговорен возач да не ги прегази. Работата одеше бавно бидејќи сопствениците на нерегистрираните возила (за кои имаше најава дека ќе бидат отстранувани) кои со години го заземаат просторот на тротоарот никаде ги немаше, некои сакале да поспијат малку подолго па не ги беа поместиле своите паркирани возила а други кои не живеат во околината а возилата овде си ги паркираат никаде ги немаше. Работниците не сакаа над паркираните возила  да ги кројат дрвјата за да не ги оштетат возилата и да не заработат кривична пријава од сопствениците на возилата.

Едноставно за најава од три часа беше направен тотален хаос. Сепак групата вработени поради неодговорноста на сопствениците на возилата до крај не ја заврши работата, туку како што дознаваме дека во текот на утрешниот ден ќе продолжат од таму каде што застанале секако доколку се создадат услови за такво нешто..

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ