ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – ЦЕЛОСНО ОБНОВЕН ДЕТСКИОТ ПАРК ВО ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛО ТРКАЊЕ

јуни 6, 2023
1 минути

Почитувани, со големо задоволство ве известуваме дека детскиот парк во нашето подрачно училиште во с. Тркање е санирано и целосно обновено.

Поставен е сепариран песок за нова подлога, сите оштетени лулашки се обновени, клупите се во целост репарирани, поставена е заштитна ограда за зголемена безбедност на самиот детски парк, односно од едно руинирано место до детско катче каде нашите ученици ќе можат да се забавуваат,  другаруваат и место каде ќе поминуваат дел од своето слободното време.

Овој детски парк е и од општествено значење бидејќи ќе можат да го користат сите дечиња од с.  Тркање.

ООУ Никола Карев – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ