ОДБЕЛЕЖАН 3-ТИ ДЕКЕМВРИ, ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

декември 3, 2021
1 минути

Денес по повод 3-ти декември, Ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во придружба со претставници од Центарот за социјални работи ги посети лицата со попреченост при развојот кои престојуваат во Дневниот центар и специјалната паралелка во ОУ „Малина Попиванова“ во Кочани.

Дневниот центар функционира за лица со умерена и тешка попреченост во кој се згрижени 8 деца, во моментот Центарот го посетуваат 4 деца . Имаат целодневно згрижување и се под управа на ЦСР, додека во специјалната паралека во ОУ „Малина Попиванова“ се децата со лесни и комбинирани пречки во развојот. Згрижени се 9 деца во 3 паралелки.

„Денес сме тука за да го одбележиме Денот за лицата со попреченост и сакаме да ја изразиме нашата поддршка со тоа што поделивме мали поклони и во Центарот за згрижување и во паралелката која е во востав на ОУ „Малина Попиванова“. Не само на овој ден, не само малите скромни подароци, Општина Кочани ќе прави напори за суштинска, редовна и квалитетна поддршка на ваквите лица. И Центарот и училиштето извршуваат една благородна и хумана работа, која е за поздравување, која бара посветеност и поддршка од сите аспекти. Во оваа прилика сакам да истакнам дека Општина Кочани е вклучена во проект во надлежност на ЗЕЛС финансиран од меѓународни средства во делот на мапирањето на категориите на лица со попреченост. Со овој проект ќе учествуваме на сите обуки, ќе ги искористиме сите можности кои ги нуди проектот, за да обезбедиме поквалитетни животни услови за ваквите категории и ќе ја имаат целата наша поддршка“ истакна градоначалникот Љупчо Папазов.

Општина Кочани преку Програмата за социјална, детска и здравствена заштита ги поддржува во одредени обврски како: превоз, помош во реалзиација на одредени настани, одредени посети и патувања и сл.

„На овој ден, потсетуваме и алармираме, инклузивноста на овие лица е најбитна во општеството и во текот на целата година да искажуваме грижа, ние како институции кои сме задолжени од јавен карактер. Во Центарот во Кочани кој е отворен во 2018 година се згрижени  8 лица со попреченост и апелирам до сите заинтересирани, нивните деца да го посетуваат овој центар, да аплицираат во Центарот за социјални работи како би можеле да излеземе во пресрет и на други лица кои се заинтересирани да ги користат овие социјални услуги. Се надевам на успешна соработка и во иднина со Општина Кочани и ОУ „Малина Попиванова“. Овие наши заеднички подвизи и успеси ќе продолжат и во иднина“ истакна Кирил Ковачев, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Кочани.

По повод одбележување на денот, децата во посебната паралелка во ОУ „Малина Попиванова“ организираа ликовен и литературен конкурс.

„За овие лица треба да се грижиме секој ден и да помагаме, заедно со опшината, со вработените во училиштето. Да ги инклузираме во општеството и секогаш да бидеме во нивна служба и корист за успешно вклучување во целокупниот живот во општесвото“ рече Благој Петров, директор на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани.

Општина  Кочани