Градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски упати Барање здо Министерството за образование и наука како и до Државниот просветен инспекторат да извршат контрола во основните општински училишта и да проверете дали општинските основни училишта во Општина Кочани имаат формирано паралелки со помал број ученици. Во Барањето се вели:
До
Министерството за образование и наука
Државен просветен испекторат
У. „Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје
Почитувани,
Советот на Општина Кочани на 27.08.2025 година, одржа редовна седница на која покрај другите прописи донесе:
Заклучок за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во општинските основни училишта од општина Кочани за учебната 2025-2026 година, Бр. 091326/1 од 27.08.2025 година.
Од увидот во актите донесени на Советот на Општина Кочани а посебно Заклучокот за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во општинските основни училишта од општина Кочани за учебната 2025-2026 година, се утврди дека согласно членот 53 став 6 од законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 161/2019 и „Службен весник на република Северна Македонија“ бр.229/2020, 3/2025 и 74/2025) „Паралелка може да се формира и со помалку од 20 ученикапо добиена согласност од основачот“ но во истиот член став 7 е уредено дека „Основачот може да формира паралелка од ставот (6) на овој член, по претходно позитивно мислење од Министерството“.
Од увидот во документацијата се утврди дека Општина Кочани сеуште нема добиено такво позитивно мислење од Министерството за образование и наука.
Имајки го во предвид горенаведеното в.д. Градоначалникот на Општина Кочани, согласно членот 51 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија бр. 5/2002 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/2024 донесе Решение за запирање на објавувањето на Законот за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во општинските основни училишта од општина кочани за учебната 2025-2026 година, број 08/1349/1 од 03.09.2025 година како спротивен на на Законот за основно образование и Решението го објави во „Службен гласник на Општина Кочани бр. 10/2025.
Со оглед на фактот дека општинските основни училишта не добија согласност за формирање паралелки со помал број ученици, Бараме од Вас да извршите контрола во истите и да проверете дали општинските основни училишта во Општина Кочани имаат формирано паралелки со помал број ученици и за наодот да ја известите Општина Кочани, како и доколку имаат формирано такви паралелки да преземете законски мерки против училиштата и одговорните лица..
В.д. Градоначалник на Општина Кочани
Венко Крстевски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ