БЛАГОЈ СТОИМЕНОВ ОД ОРИЗАРИ, ПЕТТА ГОДИНА ПО РЕД ДОНИРА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“

декември 31, 2022
0 минути

Новогодишни пакетчиња и оваа година за учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ донираше Благој Стоименов, од Оризари кој долги години живее и работи во Америка. Носталгијата по родното место ја намалува со тоа што веќе петта година по ред дарува пакетчиња на сите ученици од прво до петто одделение во училиштето во кое што и тој завршил основно образование. Затоа и таа поврзаност да ги изненади дечињата и да им ја честита новата година.

„Голема благодарност до нашиот сограѓанин и поранешен ученик во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари што веке петта година по ред донира повеќе од 100 пакетчиња на нашите ученици од прво до петто одделение. Во негово отсуство пакетчињата ги донесоа родителите на Благој за што искрено им сме им благодарни“, рече директорката на училиштето Соња Иванова.

Иванова за овој гест кој е за поздравување, на неговите родители им врачи благодарница за Благој и им посака на сите среќни Новогодишни и Божиќни празници.

Во текот на денот училиштето го посети Дедо Мраз кој им ги подели новогодишните пакетчиња, а учениците го поздравија со една прекрасна песна.