ВЛАДИМИР ГРЧЕВ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА И ПРОГРАМИРАЊЕ

април 4, 2023
1 минути

Владимир Грчев, ученик од 7-2 одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ под менторство на проф. Наде Давиткова го освои првото место на „Државниот натпревар по информатика и програмирање С++“ што се одржа во просториите на ФИНКИ во Скопје.

Инаку оваа титула Грчев ја освои и минатата година и ја претставуваше Македонија на Меѓународниот натпревар по програмирање и информатика во С++ па во месец Септември беше почестен гостин на Претседателот на Македонија Стево Пендаровски.

Освен во програмирање и информатика Владимир Грчев има забележителни резултати и на натпреварите по математика. Тој на Училишните Регионални натпревари по предметот математика освои 100 поени и е единствен со толку освоени поени во Источниот Регион.

Владимир не застанува тука, тој моментно се подготвува за олимпијадата по информатика и програмирање како и за Државниот натпревар по преметот математика.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ