Јас Сања Шилковски 36 години сопруга и мајка на 2 малолетни деца ( 10 години и 5 години ), веќе неколку години се борам со најтешката болест тумур на главата – 3 операции од кои 2 во Р.Македонија и последната пред 3 месеци во Истанбул, Р.Турција.
На првата операција не беше изваден целосно тумурот но по направениот хистопатолошки наод ми беше кажано дека тумурот не е малиген и нема потреба од никаква хемотерапија, за што јас бев пресреќна. По некое време повторно тумурот порасна и повторно следуваше операција и повторно немаше потреба од хемотерапија и радиотерапија. По една година тумурот се пофторува и јас заминав на операција во Истанбул. Професорот го извади тумурот но не целосно бидејќи не беше возможно, бидејќи доколку тумурот се извади целосно јас ќе бев парализирана и ќе го загубев говорот. Го чекав наодот од патологијата за кои знаев дека е малиген, но овој пат судбината си поигра со мене и тумурот не само што не е бениген, баш напротив е малиген и е од 4 степен( најтежок вид) за што професорите во Истанбул ми препорачаа хемотерапија и радиотерапија за да можам потоа да бидам здрава особа и да можам да продолжам да се грижам за моите 2 прекрасни дечиња и за целото мое семејство.
Се до сега плаќавме од свои сопствени сретства, и нашите можности се исцрпени, со голема болка во срцето решив да ви се обратам на сите вас познати и непознати да ми пружите рака и да ми помогнете да заминам на лекување во Истанбул и да се вратам здрава заради моите мали дечиња.
Ми требаше некое време да се решам на овој чекор, но бидејќи времето поминува морав да го направам овој чекор. Морам најбрзо да заминам затоа што може повторно повеќе да се влоши мојата состојба. Со оглед на сите претходни операции ние сме исцрпени и единственото решение сте Вие ХУМАНИ ЛУЃЕ да ми помогнете. Лекувањето чини 31.000 евра, кои ние повеќе не сме во можност да ги обезбедиме без Ваша помош и подршка. Јас мојот сопруг и моите 2 мали дечиња Ве замолуваме од срце да ни помогнете да ја поминам оваа битка успешно.
Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
https://pavelandreev.org/…/da-go-spasime-jivotot-na-sanja
Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ