ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

април 21, 2022
1 минути

По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати честитка, во која стои:

„Во пресрет на најголемиот христијански празник – Христовото воскресение, празникот над празниците, дозволете ми да Ви го честитам Вам, на сите православни верници, со желби за добро здравје, мир, разбирање и благодет.

Христовото воскресение е темелот на православната вера, празник на надежта и смислата на нашето постоење. Да се радуваме заедно со радоста велигденска и сплотенo да го прославиме со најблиските и семејството.

Нека Ви е честит и вековит Велигден!“

Општина  Кочани