Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност и Меѓународниот ден без автомобили денеска се одржа и велосипедската тура „По патеката на оризот“, на која годинава беа промовирани четири нови електрични велосипеди наменети за општинската администрација, што претставува пилот-проект од проектот „Зад урбаното“, финансиран од ЕУ-програмата URBACT.
Традиционално, учесниците на овој настан возат на релацијата Кочани – Грдовци – Мојанци – Кочани.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ