ВО САБОТА 13. ИЗДАНИЕ, РЕПУБЛИЧКИ СОБИР НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

август 10, 2022
0 минути

Во организација на Здружението на Пензионери на Општина Кочани, во Сабота на падините на Осоговските планини, поточно во Планинарскиот туристички спортски центар „Пониква“ ќе се одржи 13. издание, „Републички Собир на пензионерите од Македонија“.

Почетокот на манифестацијата е закажан за во 11:00 часот кога на присутните ќе им се најпрвин обрати домаќинот, односно претставник на Здружението на пензионери од Општина Кочани,  па потоа претставник на СЗПМ од Скопје и на крајот Градоначалникот на Општина Кочани.

Досега своето присуство на овој Собир го имаат пријавено повеќе од 22 пензионерски здруженија од Македонија со повеќе од илјада пензионери.

Според агендата на организаторот на Собирот по свеченото отворање предвидена е прошетка и запознавање на гостите со туристичкиот центар „Пониква“ по што на отворен простор следува музичка програма.

С. Ивановски