Последни вести

АПЕЛ ЗА ЦЕЛОСНО ОТСТРАНУВАЊЕ НА БЛОКАДАТА КОН ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА ВО КОЧАНИ

Општина Кочани упатува апел до граѓаните и здруженијата коишто го блокираат патот кон Градската депонија во Кочани, целосно да ја отстранат блокадата за да може КЈП „Водовод“ непречено да врши транспорт и  депонирање на комуналниот отпад. Натамошната блокада на патот ќе придонесе за создавање нов еколошки проблем – затрупување на градот во ѓубре и појава…

ЗАПОЧНА ПРИРОДНИОТ ТРЕТМАН НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА ВО КОЧАНИ

Попладнево, економскиот оператор избран на тендер, „ЕМ Агрицом“ од Неготино, го започна третманот со алги и микроогранизами на Градската депонија во Кочани. Природниот третман на ѓубриштето се спроведува петти ден од почетокот на механичките работи на општествено одговорната компанија „Бехтел и Енка“, кои Градската депонија во Кочани ја израмнија, ги исчистија постојните пристапни патишта и…

ОТПОЧНУВА СО РАБОТА НОВИОТ МЛАДИНСКИ МУЛТИМЕДИЈАЛЕН КЛУБ-ЦЕНТАР ВО СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ – КОЧАНИ

Нашите млади средношколци-креативци, ќе ги применуваат стекнатите вештини и знаења за да ве информираат за актуелности за нас и нашата локална заедница Секако од нивна перспектива, нивни видувања, нивен агол… Ќе креираат мултимедијални проекти, видеа, поткасти, интервјуа, блогови.. Повеќе информации за проектот ќе најдете на линкот од нашата официјална веб страница Координатор на проектот е…

ОКТОМВРИСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈАНА НА ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип и персонал од Службата за трансфузиона медицина – Кочани, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна октомвриска  крводарителска акција наменета за граѓанството. На акцијата крв даруваа 41 крводарител од нив тројца…

ВАШАТА ДОНАЦИЈА ЗА МОИТЕ ДЕЧИЊА ЗНАЧИ МАЈКА, ВЕ МОЛАМ ДОНИРАЈТЕ И СПОДЕЛУВАЈТЕ

Јас Сања Шилковски 36 години сопруга и мајка на 2 малолетни деца ( 10 години и 5 години ), веќе неколку години се борам со најтешката болест тумур на главата – 3 операции од кои 2 во Р.Македонија и последната пред 3 месеци во Истанбул, Р.Турција. На првата операција не беше изваден целосно тумурот но…

КОЈ НА КОГО ПРОДАВА МАГЛА И БИСТРИ ПОЛИТИКА?

Денес од Општина Кочани излезе информација дека Градоначалниците на Општина Кочани, Виница и Зрновци излегле со  заеднички предлози за депонирањето на комуналниот отпад и решавање на состојбата со Градската депонија во Кочани. Се поставува прашањето: „Што имаат врска со Кочанската депонија градоначалниците на Општина Виница и Општина Зрновци? Со кое право тие дебатираат и изнаоѓаат…

ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА КОЧАНИ, ВИНИЦА И ЗРНОВЦИ СО ПРЕДЛОЗИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ДЕПОНИЈАТА

Изнаоѓањето решенија за проблемите поврзани со функционирањето на Градската депонија во Кочани  беше единствената точка на дневниот ред на состанокот што го одржа градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов со градоначалниците на соседните општини Виница и Зрновци, Миле Петков и Борчо Коцев и со директорите на комуналните претпријатија. Општина Кочани побара од соседните општини да…

ДАЛИ ЕСЕНСКАТА СЕЗОНА ЗА СТОЈЧЕ СТОЈОВ Е ЗАВРШЕНА?

Во натпревар од 10-тото коло против добрата екипа на „Охрид“, „Осогово“ го претрпе и седмиот пораз во ова првенство, четврти на домашен терен. Бодовите се загубени, но навивачите на кочанскиот второлигаш се загрижени за повредата  на несомнено најдобриот нивни играч оваа сезона Стојче Стојов. Тој во 43’ доживеа повреда а по укажаната прва помош на…

ОХРИДСКИТЕ „РИБАРИ“ УЛОВИЈА ТРИ БОДА ВО КОЧАНИ

По се изгледа веќе е пракса, на која екипа и требаат бодови, ќе дојде во Кочани, ќе одигра и ќе си замине пеејќи. Денес тоа им успеа на играчите на „Охрид“ кои одиграа мошне добар натпревар во Кочани на кој играчите на „Осогово“ им парираа додека имаа сила, а откако почна некои играчи едноставно да…

КЈП „ВОДОВОД“: СМЕТОТ НЕМА ДА ГО СОБИРАМЕ ДОДЕКА НЕ СЕ ОБЕЗБЕДАТ УСЛОВИ ЗА ТРАНСПОРТ ДО ДЕПОНИЈАТА

КЈП „Водовод“ Кочани ги известува своите корисници, правни и физички лица од Општина Кочани и населените места, дека поради блокадата на патот кон депонијата во Кочани од страна на жители на Општина Кочани, не сме во можност да го собираме комуналниот отпад од Општина Кочани и населените места во општината, бидејќи е оневозможено депонирање на…