Последни вести

УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

Во тек се градежни работи за санација на асфалтни површини и за реконструкција на тротоари На улиците „Шукри Шаин“, „Митко Беќарски“ и „Партизанска“ во Кочани се одвиваат работи за крпење на прекопи и оштетени асфалтни површини со топла асфалтна маса. Изведувачот на работите „Коле транс“ работи на санирање на површина  од 1600 м2. Според склучениот…

ОДРЖАН ПРВИОТ ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ВО СПОРТСКА ГИМНАСТИКА „А“ И „Б“ ЛИГА

Во саботата и неделата, Битола беше домаќин на Првиот Државен натпревар во спортска гимнастика во „А“ и „Б“ лигата за момчиња и девојчиња. Екипата на КГС „Кочани“ имаше претставници и во двете категории. Во саботата девојчињата од КГС „Кочани“ се натпреваруваа само во во „Б“ лигата и освоија: Ведрана Лазарова – III место, пионерки до…

ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ОД КОЧАНИ ВЕ ПОКАНУВА НА ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ „РОДИТЕЛИ И ДЕЦА“

Утре (Понеделник) со почеток во 19:00 часот во салата на „Мултикултурниот центар“ во Кочани ООМУ „Ристо Јуруков“ организира заеднички концерт на родители и деца. Ова е прв ваков вид на концерт на кој на бината со заеднички изведби ќе се претстават ученици од музичкото училиште во друштво на родителите. Токму поради причината што ова е…

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА СЕНИОРИ, „ЛИРИЈА“ ШАМПИОН „СПАРТАК“ ЧЕТВРТИ

Кочани денес беше центар на борењето во Македонија. Во спортската сала при ООУ „Никола Карев“ денес се одржа Државното првенство во борење за сениори слободен стил. На првенството зедоа учество 70 борачи од 12 клубови од Македонија. Екипата на „Спартак“ настапи со шест борачи кои на крајот освоија едно прво место, едно второ а останатите…

БОРЕЊЕ, ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ – СТОЛЕ ЕФТИМОВ ПРВ ВО КАТЕГОРИЈАТА ДО 97 КИЛОГРАМИ

Столе Ефтимов, некогашен борач на „Спартак“ од Кочани кој моментно ги брани боите на повеќекратниот шампион на Македонија „Балканец“ од Штип, денес во неговиот роден град Кочани кој беше домаќин на Државното првенство на Македонија за сениори – момчиња и девојчиња , слободен стил во категоријата до 97 килограми го освои првото место. „После повеќе…

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД РОТАРИ КЛУБ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“ НА РОТАРИ ДИСТРИКТНА КОНФЕРЕНЦИЈА ШТО ЗА ПРВ ПАТ СЕ ОДРЖУВА ВО МАКЕДОНИЈА

Шест Ротаријанци од Ротари клубот Кочани – Виница присуствуваа на Ротари Дистриктната конференција на Ротари Дистриктот 1912 (Македонија и Словенија), која за прв пат се организира во Битола и во Македонија. Дистриктната конференција се одржа во Народниот театар во Битола, а на неа присуствуваа членови на ротари клубовите на двете земји. Со Ротари Дистриктната конференција…

ПРЕТРЕС ВО КОЧАНИ, ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА

На 09.06.2023 во 16.55 часот во Кочани, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при Полициската станица Кочани го привеле И.Р.(36) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Соопштение на МВР КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА …

ДАРИЈАН ПАВЛЕВ ПРВ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ „КРАЛИ МАРКО“

Во организација на Клубот за боречки спортови и рекреација „7-ми мај“ од Прилеп, денес во „градот херој“ во Спортската сала „Македонија“ се одржа Меѓународниот турнир во борење за момчиња и девојчиња „Крали Марко“. На турнирот зедоа учество 95 борачи  од сите клубови во Македонија, два од Косово и еден клуб од Бугарија. Боречкиот Клуб „Спартак“…

ЗАВРШНА ПРИРЕДБА НА ПДГ „АМИЧИ“ ОД КОЧАНИ

Уште еден прекрасен ден организиран од менаџерскиот тим на Приватната Детска Градинка „Амичи“ од Кочани. Овој пат местото на настанот беше „Аква центарот“ во Кочани каде „Амичи“ ја организираше завршната приредба за оваа година која воедно значеше и испраќање на дечињата од големата група во училишните клупи. Распеани, разиграни и весели беа дечињата од големата…

ПЕШАЧЕЊЕ ДО ВРВОТ „ПАНАЃУР“ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ

Под мотото Пешачењето е здравје, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ и Извидничкиот одред „Ластовица“, изведе планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква. Учесниците имаа околу два часа активно пешачење на падините на Осогово, на патеката со вкупна должина од 6 км, во одлични временски услови. За помладите учесници,…