Последни вести
ПЕТТА ГОДИНА ПО РЕД ОПШТИНА КОЧАНИ Е ВО ИНСТИТУЦИИТЕ СО „МНОГУ ДОБРА“ ТРАНСПАРЕНТНОСТ
Активната транспарентност на Општина Кочани во 2024 година изнесува високи 94,3 %. Од 98 рангирани институции, општини, министерства и Влада, Општина Кочани се наоѓа на 17-тата позиција. Според Индексот на активна транспарентност за 2024 година на Центарот за граѓански комуникации, Општина Кочани петта година по ред е во најдобрата група институции според активната транспарентност, кои…
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО ВО УМЕТНИЧКИОТ ПЕРФОРМАНС „ИЗБОР НА ЖЕТВАРСКА УБАВИЦА“
По повод 33. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ што ќе се одржи од 26 до 29 септември, Општина Кочани планира да организира Избор на жетварска убавица – уметнички перформанс. Со цел да ја промовира убавината и улогата на жената во традицијата на оризопроизводството, Општина Кочани ќе обезбеди високи награди за жетварската убавица и двете придружнички….
ОПШТИНА КОЧАНИ ОТУЃУВА ШЕСТ ПАРЦЕЛИ ДРЖАВНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ
Општина Кочани ја распиша 39. објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба шест градежни парцели, од кои четири се со намена индивидуално домување и две со намена за домување на објекти во станбени куќи А1 и Б1 – мали комерцијални деловни намени. Три од парцелите за индивидуално домување…
ДАЛИ ПРОТЕСТИТЕ И ПЕТИЦИИТЕ ЌЕ ЈА ИЗГАСНАТ ДЕПОНИЈАТА?
Вчерашното повторно чадење на депонијата внесе немир меѓу жителите на Кочани и од околните села. Непријатната миризба се чувствуваше во градот а според некои информации и во некои села околу Кочани. Според изјавите на жителите со вдишувањето на воздухот почнале да кашлаат а и очите ги печеле и им солзеле. Интересно е што за време…
ВО ПЕТОК ГОЛЕМ МУЗИЧКИ НАСТАН НА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА ВО КОЧАНИ
На 16 август (петок), светски познатата дискографска куќа Cafe De Anatolia и Alfa Events ќе организираат неверојатен музички настан на Споменик на слободата, Кочани. Споменик на слободата е избран како локација поради неговата историска и културна важност, која додава посебна атмосфера на настанот. Оваа локација е и симболична бидејќи ова е првиот настан на Cafe…
ПОЖАР КАЈ СЕЛО ПРЕСЕКА, ГОРИ ШУМА, ПОЖАРНИКАРИТЕ ИНТЕРВЕНИРААТ
Од синоќа, пожарникарите интервенираат на голем пожар кај кочанското село Пресека. Територијалните противпожарни единици на Кочани и Македонска Каменица, службите од Шумското стопанство „Осогово“ и доброволците од ДПД – Кочани повеќе од 15 часа се на тежок, непристапен терен на Осоговските Планини. Обид за локализирање на пожарот имало и од воздух, со хеликоптери од ЦУК….
МЕМОРИЈАЛЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ „СТАМЕН КАРОВСКИ“
На 25 август, ПСК „Осогово“, со поддршка од Општина Кочани, ќе го реализира Меморијалниот планинарски марш „Стамен Каровски“. Учесниците ќе пешачат од одморалиштето на МВР до врвот Панаѓур (1 669 м) и назад. Поаѓањето е во 9 ч. од паркингот пред одморалиштето. КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
ДВЕ НОВИ ИМИЊА ВО ГФК „ОСОГОВО“
Во пресрет на првенството во Втора Фудбалска Лига кое е закажано за Сабота (17.08.2024 година) на ГФК „Осогово“ му пристапија двајца нови играчи. Се работи за Бојан Јаневски кој доаѓа од екипата на ФК „Вардар“ АД – Скопје и Никола Илиевски од ФК „Рудар 1947“ од Пробиштип. Како што наложуваат пропозициите за овој ранг на…
ОПШТИНА КОЧАНИ – ОБЈАВА ЗА ПРОДАЖБА НА КОМПАКТНА БЕТОНСКА ТРАФОСТАНИЦА
На 29 август 2024 година, со почеток во 12 ч., Општина Кочани ќе реализира електронско јавно наддавање за продажба на компактна бетонска трафостаница. Трафостаницата e со јачина од 800 kVA, произведена 2017 година и е со проценета вредност од 2.078.700 ден., согласно Извештај за процена на машини и опрема. Висината на банкарската гаранција за сериозност…
ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ
Одборот за доделување награди на Општина Кочани објави јавен повик за доставување предлози за доделување Награда за значајни остварувања за развојот на Кочани и Награда за животно дело. Наградата за значајни остварувања за развојот на Кочани се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Наградата е во форма на…