Последни вести

УЧЕНИЦИ ОД ЗБРАТИМЕНАТА ОПШТИНА КРИЖЕВЦИ НА ЗИМУВАЊЕ НА ПОНИКВА

Најдобрите осуммина ученици од основните училишта од Крижевци, (Република Хрватска) зимскиот распуст го поминуваат на Спортско-рекреативниот центар Пониква, на Осоговските Планини. Градоначалникот Љупчо Папазов за време на викентот ги посети учениците на Пониква, за да им посака убав престој во Кочани и на Осоговските Планини. Во склоп на посетата, хрватските ученици минатата недела го посетија…

ПОЖАР ВО ЗГРАДАТА НА ОПШТИНА ЗРНОВЦИ

Утринава околу 07:00 часот во Територијалната Противпожарна Единица – Кочани пристигната е дојава за пожар во зградата на Општина Зрновци. Според дојаваат било запалено електричното броило а поради сериозноста да не се прошири пожарот интервенирано е со 3 возила и 5 пожарникари. Во 08:40 часот пожарот е целосно изгаснат, а во меѓувреме информирани се ЕВН…

ИО „ЛАСТОВИЦА“ ГО ПРОСЛАВИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ИЗВИДНИЦИТЕ

Мисијата на извидниците продолжува, ценејќи ги вистинските вредности, другарството, љубовта кон природата, чувањето на животната средина и стекнување на секојдневно животно искуство. Во саботата во Штип во Домот на млади, во организација на Сојузот на извидници на Македонија беше организиран настан кој беше поздравен од страна на градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов. Церемонијата започна…

ВТОРО МЕСТО ЗА ЗЛАТКО НИКОЛОВ НА „CHUPINO VERTICAL“

Со време од 48’30“ Златко Николов ја помина патеката во должина од 5 километри и висинска разлика од 1.030 метри на денешната трка „Chupino vertical“ со што го освои второо место во машка конкуренција. Стартот на трката беше од центарот на село Блатец а целта на врвот „Чупино“ на височина од 1725 метри.. Вредно е…

ЧЛЕНОТ НА КПС „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ АНГЕЛА ВЕЛИЧКОВА, ТРЕТА НА ТРКАТА „CHUPINO VERTICAL“

„Chupino Vertical“ е трка во дисциплината вертикален километар во која натпреварувачите искачуваат околу 1 км висинска разлика во должина од максимум 5 км со дозволена отстапка од 5-10%. Tрката е со должина од 5000 метри и висинска разлика од 1030 метри. Стартот беше во центарот на с. Блатец, а финишот на врвот „Чупино“ без временско…

ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА КОЧАНИ ВО ШАХ ЗА ГОРАН ВОЈНОВСКИ

Денес во просториите на Шаховскиот клуб „Кочани“ се одржа шаховскиот турнир „Отворено првенство на Кочани во шах“ на кој учествуваа 22 шахисти од најразлични категории. Се играше на 11 табли Швајцарски систем, 7 кола по 10 минути. Турнирот за отворен го прогласи Благој Ситновски, Претседател на ШК „Кочани“. По доста интересни и преди се возбудливи…

ФИКРЕТ ЛИВАРЕКА ПОВИКАН ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 19 ГОДИНИ ЗА НАТПРЕВАРИТЕ СО БИХ

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години  Тони Јакимовски упати повик до нашиот фудбалер Фикрет Љиварека. Оваа репрезентација ке одигра два пријателски натпревари против  репрезентацијата  на Босна и Херцеговина на 27.02 и 29.02.2024 год.И двата натпревари ке со одиграат во Скопје на терените на тренинг центарот ,,Петар Милошевски,,.Овие два натпревари ке бидат последна проверка…

ЧЕТИРИ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО У-23

Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Бучим“ денес во Радовиш се одржа „Државното првенство во борење У-23“. Екипата на „Спартак“ предводена од тренерот Влатко Соколов на првенството настапи со девет борачи кои на крајот освоија четири медали од кои една сребрена и три бронзени. Останатите пет борачи се…

ПОД ДИРИГЕНТСКАТА ПАЛКА НА СТОЈЧЕ СТОЈОВ „ОСОГОВО“ СИ ПОИГРУВАШЕ СО „ТЕТЕКС“

„Осогово“ со камата ги наплати сите долгови кон големиот должник „Тетекс“ од Тетово совладувајќи го со 4:0 (2:0) во натпревар од 17-тото коло од Втора Фудбалска Лига. По облачно време но пријатно за игра пред околу 800 гледачи „Осогово“ денес си поигруваше со немоќниот „Тетекс“ кој според прикажаното е  убедливо најслабиот противник што во ова…

ЦРНА ХРОНИКА – ОД 22 ФЕВРУАРИ 2024 ГОДИНА

На 22.02.2024 во 17.35 часот во ОВР Берово, 37 – годишен жител на Пехчево пријавил дека пред неколку дена, неговата малолетна ќерка заминала да живее со малолетник во Кочани. Според пријавеното, тој добил и закани од семејството на малолетникот. За случајот е запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна…