Последни вести

КОЈ ГО КОЧИ ОПРЕДЕЛУВАЊЕТО ИМИЊА НА УЛИЦИ, МОСТОВИ И ДРУГИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ?

Кој е кочничарот во Општина Кочани што не сака досега да се именуваат улици, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Кочани со имиња на наши сограѓани кои секој на свој начин оставиле траен белег во општината. Уште пред минатата и минатата година беа доставени предлози до Советот на Општина Кочани а потоа беше направена…

НА ПЕНЗИОНЕРКИТЕ ОД МЗ „МИЛАН ЗЕЧАР“ НЕ ИМ БИЛ ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ ВО НИВНИОТ КЛУБ

Револтирани пензионерки вечерва ни испратија допис во кој обвинуваат за дискриминација во Пензионерскиот клуб во МЗ „Милан Зечар“ на улицата „Охридска“. Како што појаснуваат денес не им било дозволено влегување во пензионерскиот клуб во нивната месна заедница од необјаснети причини. „Вечерва од непознати причини не ни се дозволи да се собереме ние жените пензионерки во…

ДОДЕКА ТРАЕ НАСТАВАТА, УЧИЛИШТЕТО ВНАТРЕШНО СЕ РЕНОВИРА

Ученици од СОУ „Гошо Викентиев“ се пожалија дека додека се на училиште и наставата е во тек, училиштето внатрешно се реновира. Како што потенцираат сета таа врева што се создава им смета за нормално следење на наставата. Како што стои во дописот тие предлагаат да се за кратко прекине реновирањето а истото да продолжи додека…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ШИРЕЊЕ НА РАСИСТИЧКИ И КСЕНОФОБИЧЕН МАТЕРИЈАЛ ПО ПАТ НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ

ОВР Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани, ќе поднесе кривична пријава против С.А.(41) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член 394 – г од Кривичниот законик. Според пријавеното, во текот на 2022 година, на социјалната мрежа фејсбук…

ПОРАДИ РАЗБОЈНИШТВО ЛИШЕН ОД СЛОБОДА

На 21.12.2022 во 21.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода З.Н.(39) од Кочани. Тој се сомничи дека извршил „разбојничка кражба“ во куќа на ул.„Наум Наумовски Борче“ во Кочани, каде при обид да одземе предмети од куќата, физички го нападнал сопственикот Н.П.(78). Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани….

ЖИТЕЛИТЕ ОД СЕЛО НИВИЧАНИ СО ЈАСНА ПОРАКА: „БАРАМЕ ЧИСТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ВО 21 ВЕК“

Како што истакнуваат жителите од село Нивичани (Кочанско) изборни циклуси минуваат, градоначалниците се менуваат, ветувањата веднаш се забораваат а тие и понатаму во 21 век немаат чиста вода за пиење. Случката од минатата седмица кога наеднаш престана да тече и техничката вода во селото беше причината да го кренат својот глас. Пронајдената умрена лисица која…

ТРИЕСЕТ СТУДЕНТИ ЌЕ КОРИСТАТ СТИПЕНДИИ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ

Вкупно 30 студенти кои ги исполнуваат условите за добивање општинска стипендија пропишани во Правилникот за стипендирање, ќе бидат стипендисти на Општина Кочани за студиската 2022/23 г. Според Комисијата за доделување на студентските стипендии, на Конкурсот пристигнале 35 пријави. Од нив 17 студенти добиле стипендија за постигнат висок успех во студирањето, осуммина се од социјално загрозени…

НОВОГОДИШНО ДРУЖЕЊЕ НА СУДИСКИ АКТИВ И ОФС КОЧАНИ

Судискиот актив при ОФС Кочани и ОФС Кочани организираа Новогодишно дружење во Рибник „Тополник“ во Кочани. Судиите, делегатите и контролорите од ОФС Кочани, како и Претседателот и Секретарот на ОФС Кочани со заедничко дружење ја продолжија традицијата која секоја година по завршувањето на есенскиот дел и на пролетниот дел ја организираат. Во една релаксирана атмосфера…

ПРОЕКТОТ „ПАМЕТНО МЕРЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА ВО СИСТЕМОТ НА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ“ НА ОПШТИНА КОЧАНИ, ИЗБРАН ЗА ПОБЕДНИЧКИ ПРОЕКТ

По објавениот повик насловен како „Спроведување на мали проекти во областа на енергетиката, климатската заштита и транспортот за општини и градови од РС Македонија“,  приложениот предлог проект од страна на Општина Кочани „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување“ е избран како еден од победничките проекти кој ќе добие финансиска и…

ОДБЕЛЕЖАНИ 50 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА ЈОУДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – КОЧАНИ

Денеска ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Кочани одбележа 50 години од постоењето на детската градинка. Со богата културно-уметничка програма подготвена од стручниот, воспитувачкиот и негувателскиот тим на детската градинка заедно со дечињата беше одбележан јубилејот пред полната сала во Мултикултурниот центар во Кочани. „Одбележувањето на 50 годишниот јубилеј на нашата установа основана во 1972 година е одбележување…